24фудбал

Нагелсман: Бенфика нека не се грижи, Баерн ќе игра со најдобар тим против Барса

Тренерот на Баерн Минхен, Јулијан Нагелсман најави дека нема да излезе со комбиниран состав против Барселона и покрај тоа што „баварците“ нема за што да играат на утрешниот натпревар.

Лига на Шампиони

Баерн Минхен утре ја пречекува Барселона во последното коло од Лигата на шампионите, домаќините со пет победи се сигурни на првото место на табелата додека пак на гостите им виси пласманот во осмина-финале.

Многу работи ќе зависат и од дуелот помеѓу Бенфика и Динамо Киев, но „каталонците“ сами решаваат и со триумф на „Алианц Арена“ ќе го осигураат второто место. Но задачата за избранииците на Чави нема да биде лесна, од таборот на Баерн најавија дека нема да калкулираат.

„Поздрав до Бенфика, нека не се грижат, ќе играме со најдобриот тим кој го имаме на располагање“ – порача на денешната прес конференција Јулијан Наглесман, кој сепак нема да може да смета на услугите на Кимих, Горецка, Гнабри, Чупо Мотинг и Забицер.

Натпреварот ќе се игра без публика поради пандемијата на ковид-19 и зголемените бројки на заразени.

„Од една страна е чудно што трибините ќе бидат празни, но од друга страна, ќе немаме резултатски притисок. Ова ќе биде добра шанса оние кои имаат помала минутажа да покажат што умеат“.

„Од голема важност е да го задржиме високото ниво, да не зборувам за големината на Лигата на шамионите и како мораме да го почитуваме ова натпреварување и другите клубови во групата“.