24фудбал

Евертон ја прекина серијата без победа, триумф над Арсенал со гол во судиското продолжение (ВИДЕО)

По осум меча без победа, Евертон конечно се израдува на триумф во Премиерлигата откако со пресврт со 2-1 го совлада Арсенал на Гудисон Парк.

Англија

Во денешниот дерби меч против Арсенал, Еверон влезе со низа од осум меча без победа, но момците на Бенитез успеаа да ја прекинат таа црна ница.

Пред самиот крај на првото полувреме, Одегард постигна убав гол за водство на Арсенал од 1-0. Три минути претходно ВАР му поништи гол на Ришарлисон поради офсајд.

Во 58. минута Ришарлисон даде и втор гол, но и тој ВАР му го поништи поради офсајд.

Но тоа не можеше да се случи и по третпат, во 79. минута Ришарлисон пак даде гол, овојпат регуларен за израмнување на 1-1.

Кога се очекуваше дека мечот ќе заврши со реми, Греј во 92. минута постигна супер гол од далечина за комплетен пресврт и победа на Евертон од 2-1.