24фудбал

Директорот на Лидс направи драми по голот на Бамфорд во финишот (ВИДЕО)

Драмата во самиот финиш на натпреварот од играчки карактер за момент се префрлија и на делот од гледалиштетот, поточно во ВИП ложата од арената.

Англија

Лидс и Брентфорд одиграа возбудливо реми кое на крајот заврши со резултат 2-2, а конечниот исход од пресметката на „Еланд Роуд“ се решаваше во фото-финишот од натпреварот.

Патрик Бамфорд се врати од повредата со гол во самата завршница за мошне вреден бод за Лидс, а спортскиот директор на клубот, Виктор Орта направи драми во својата прослава на гледалиштето.

Има две верзии за причините поради реакцијата на Орта, едната е дека бил испровоциран од навивач на Брентфорд, а другата е дека бил револтиран од начинот на однесување од страна на гостинскиот табор во ВИП ложата.