24фудбал

Несторовски првпат по тешката повреда заигра на еден натпревар (ВИДЕО)

Емполи со 3-1 го победи Удинезе, но овој меч за нас е важен затоа што Илија Несторовски конечно одигра неколку минути по тешката повреда која ја заработи минатата сезона.

Италија

Несторовски му се врати на фудбалот по долгата пауза поради повредата која беше и причина што го пропушти Европското првенство.

Македонскиот напаѓач во игра влезе во 79. минута кога Емполи водеше против Удинезе со 3-1, тоа беше и конечниот резултат на мечот. Во своите нешто повеќе од десет минути кои ги помина на теренот, Несторовски заработи жолт картон.

Удинезе поведе на овој меч со гол на Делофеу во првото полувреме, но во вториот дел Емполи со голови на Стојановиќ, Бајрами и Пинамонти дојде до комплетен пресврт и победа.