24фудбал

Јаховиќ со два гола му донесе победа на Гезтепе (ВИДЕО)

Искусниот македонски напаѓач продолжи со фантастичната форма, а со денешните два гола беше вистински херој за својот тим.

Македонија

34 годишниот македонски напаѓач Адис Јаховиќ постигна два гола за Гезтепе во денешниот меч против Газиантеп на домашен терен со победа од 2-1, а нашиот интернационалец двата гола ги постигна во првото полувреме.

Јаховиќ најпрво погоди од пенал во 39 минута, а потоа и во самиот финиш од првото полувреме со тоа што навести три бода за домаќините кои ги очекува битка за опстанок во елитната турска „Суперлига“.



Јаховиќ сезонава во Турција на 15 меча успеа да постигне четири погодоци, а погоди и на претходната пресметка со Фенербахче во ремито со 1-1.