24фудбал

„ЦИЕС“: Елмас помеѓу највреднуваните, во друштво на Белингам, Рајс, Камавинга, Тонали... (ФОТО)

На листата на фудбалската опсерваторија „ЦИЕС“ се најдоа 60 млади фудбалски ѕвезди, а на истата Македонецот котира мошне високо во однос на својата позиција.

Македонија

Фудбалската опсерваторија „ЦИЕС“ објави листа на највреднуваните фудбалери во светот под 23 годишна возраст во однос на најдобрите пет европски лиги, а во истиот избор се најде и македонскиот интернационалец од редовите на италијанскиот прволигаш Наполи, 22 годишниот Елиф Елмас.

„ЦИЕС“ своето истражување го базира на тоа што фудбалерите досега го постигнале во сопствените кариери, нивната годишна возраст, како и временската рамка во која истекуваат нивните актуелни договори со клубовите.

Елмас се наоѓа на делба на второто место со цена од 70 милиони евра во својата конкуренција во средниот ред, заедно со Куртис Џонс од Ливерпул, односно Деклан Рајс од Вест Хем, а на првото место во овој избор се најде Џуд Белингам од Борусија Дортмунд кој се проценува на 120 милиони евра.