24фудбал

Влаховиќ има подобра статистика од Лука Тони и Батистута, блиску е до Роналдо

Напаѓачот на Фиорентина, го израмни рекордот на Гонзало Игуаин и Ернан Креспо за постигнати голови во една календарска година во Серија А, и му недостасуваат уште три за да го стигне и Кристијано Роналдо.

Италија

21-годишниот српски фудбалер во 2021 има постигнато 30 голови во Серија А, од кои 13 се од оваа сезона.

Никој во историјата на Фиорентина не успеал да постигне 30 голови за една календарска година, ниту Лука Тони, ниту Габриел Батистута.

Тој во оваа статистика се изедначи со Гонзало Игуаин и Ернан Креспо. А наскоро може да го стигне и Кристијано Роналдо доколку до крајот на годината успеа да постигне уште три гола. Португалецот има 33.

На вечнаа листа Роналдо е на третото место, пред него се Гунар Нордал со 36 голови (1950 година) и Феличе Пласидо Борел со 41 гол (1933 година)

Кристијано Роналдо во 2020 постигна 33 гола за Јувентус.

Фиорентина има уште три меча во Серија А до крајот на 2021. Игра на домашен терен со Салернитана и Сасуоло, а гостува кај Верона.