24фудбал

Добри се вестите за Бензема, но ќе го пропушти мечот со Интер

Денешните медицински тестови покажаа дека повредата на Карим Бензема не е сериозна, но Французинот сигурно ќе го пропушти мечот со Интер од Лигата на шампионите.

Шпанија

Реал Мадрид може да здивне, последните тестови, направени утринава покажуваат дека мускулната болка која ја има Бензема во левата нога, не е сериозна повреда и тој нема подолго да биде отсутен од теренот.

Тој нема да биде дел од утрешниот натпревар против Интер од Лигата на шампионите, но би можел да биде подготвен за викенд дербито против Атлетико Мадрид.

Бензема во 17. минута го напушти мечот со Реал Сосиедад поради повреда, на негово место влезе Лука Јовиќ кој подоцна е покажа како клучен за победата, имаше гол и асистенција.

Се очекува српскиот напаѓач да добие шанса и во Лигата на шампионите против Интер.