24фудбал

Ристовски тргна да се тепа со играч на Хајдук, Атанасов го смируваше (ВИДЕО)

Хајдук со 2-0 го победи Динамо Загреб на Максимир, а по последниот судиски свиреж имаше голема нервоза кај домашните фудбалери.

Македонија

Тројца македонски репрезентативци беа дел од големото дерби, Адеми и Ристовски од Динамо Загреб и Јани Атанасов од Хајдук.

Според „24 сата“, по последниот судиски свиреж, во мешаницата која настана, Стефан Ристовски тргнал да се тепа со играч на Хајдук и се обидел да му удри шлаканица, но Јана Атанасов го задржал и го смирувал.

Фото: 24sata.hr