24фудбал

Мбапе не ја отфрла можноста да потпише нов договор со ПСЖ!

Дали е можен пресврт на ситуацијата со Мбапе? Се веруваше дека тој сигурно ќе биде нов напаѓач на Реал Мадрид од следната сезона, но сега тој не ја отфрла можноста да потпише нов договор со ПСЖ.

Франција

Во интервју за „Амазон Прајм“, Мбапе не исклучи продолжување на договорот со ПСЖ.

„Не знам што ќе направам. Не е лесно да се донесе одлука. Но што и да решам, ќе играм за голем клуб“, вели Мбапе.

„Прво бев разочаран што не заминав летото. Но не играм во клуб од трета дивизија. Јас сум во клуб кој сака да ја освои Лигата на шампионите“.

„Од Париз сум, имам фамилија тука и се чувствувам добро“.

„Отсекогаш сум велел, сакам да откријам и нешто друго“.