24фудбал

Јувентус е пресилен за Џенова, нов пораз за Шевченко и Пандев (ВИДЕО)

Јувентус рутински со 2-0 славеше над Џенова, трет пораз во четири меча за Андриј Шевченко во Серија А.

Италија

Јувентус можеше да слави и многу поубедлива победа, Сиригу имаше фантастична партија и спаси дебакл на Џенова.

Горан Пандев мечот го почна од клупата за резерви, во игра влезе во 58. минута од натпреварот.

Јувентус поведе во 9. минута со гол на Квадрадо директно од корнер.

По неколку идеални шанси кои беа пропуштени, конечно Дибала во 82. минута ја завери победата погодувајќи за 2-0.

За Андриј Шевченко ова е трет пораз во четвртиот меч како Џенова, еден натпревар одигра нерешено.