24фудбал

Интер му испрати порака на Кјаер: Те чекаме да ти го дадеме аплаузот кој го заслужуваш (ФОТО)

И градскиот ривал на Милан, Интер испрати убава порака до дефанзивецот на росонерите, Симон Кјаер кој поради повреда ја заврши сезоната.

Италија

Симон Кјаер поради повреда на лигаментите ќе биде отсутен околу шест месеци, што значи дека тој ја заврши сезоната.

Кјаер беше херојот на европското првенство, тој заедно со лекарите му го спаси животот на фудбалерот на Интер, Кристијан Ериксен.

Токму поради тоа Интер денеска испрати посебна порака до Кјаер.

„Шампион не се препознава само по тоа како игра фудбал. Врати се наскоро Симон, те чекаме на Сан Сиро да ти го дадеме аплаузот кој го заслужи“, пишува Интер во пораката.