24фудбал

Инзаги: Секогаш е убаво да се вратите во Рим, но ове ќе биде посебен меч и за Мурињо и за Џеко

Симоне Инзаги се враќа на Олимпико на меч против доскорешниот за него лут градски ривал, овојпат Симоне ќе биде во улога на тренер на Интер.

Италија

Како тренер на Лацио, Симоне Инзаги можеше од прва рака да го почувствува римското дерби, утре се враќа на Олимпико, повторно како „непријател“ на римската волчица, но овојпат со Интер.

„Секогаш е убаво кога ќе се вратите во Рим, особено за така важен меч. За мене веќе не е гратско дерби, комплетно сум фокусиран на Интер и знаеме дека ќе се соочиме со силен тим“, вели Инзаги.

Ова ќе биде прв меч на Жозе Мурињо против Интер откако му ја донесе историската тројна круна. За Инзаги ова ќе биде прв дуел со Португалецот.

„Ќе ми биде задоволство да се соочам со тренерот кој ја освои тројната круна“.

„Никогаш не сум се сретнал претходно со него, не го познавам. Ова ќе биде посебен меч за него, но ние треба да бидеме уште повнимателни бидејќи ги знаеме неговите квалитети и историја“.

Но посебни емоции ќе има и Един Џеко кој летото се пресели од Рома во Интер.

„Ова ќе биде посебен меч и за Един Џеко, не сме зборувале за тоа. Тој тренира интензивно во изминатите неколку дена“.