24фудбал

Ериксен и Интер раскинуваат во јануари

Според информациите од Италија, Кристијан Ериксен и Интер ќе го раскинат договорот во јануари по што Данецот ќе стане слободен играч.

Италија

Во Италија не е дозволено да се игра со дефибрилатор кој му го вградија на Ериксен, па тој не може да продолжи да игра во Серија А.

Ериксен се врати во Данска и тренира со својот поранешен клуб, Оденсе.

Според информациите, на почетокот од 2022 година, Интер и Ериксен со взаемна согласност ќе го раскинат договорот.

Актуелниот договор на Ериксен со Интер трае до јуни 2024 година, неговата плата е 7 милиони евра.

Но, додека е повреден ФИФА му ја покрива платата до максимални 7,5 милиони евра во рок од една година.