24фудбал

Чави откри дали ќе го прати Дембеле на трибини доколку одбие да стави потпис на нов договор

Тренерот на Барселона, Чави вели дека не размислува да го испрати Осман Дембеле на трибини доколку Французинот одби да ја продолжи верноста, смета дека тоа ќе биде лоша слика.

Шпанија

Пред почетокот на сезоната, младиот Илаиш Мориба беше оставен во вториот тим поради тоа што одбиваше да стави потпис на нов договор, па сега се говори за можноста слична судбина да го снајде и Осман Дембеле.

Французинот ги одработува последните месеци, на маса има предлог за продолжување на соработката но се уште нема одлучено што ќе прави. Се говори дека Барса му поставила ултиматум и рок од 15 дена да пресеча за својата иднина.

Запрашан дали размислува да го испрати Осман Дембеле доколку одговорот на напаѓачот е негативен, Чави вели: „Тоа не е мојата цел. Според мене, доколку играчот има договор, треба да игра. Исто така, сметам дека сликата што ќе се креира не е добра. Па не размислувам да го пратам на трибини“.

„Дембеле има талент и може да биде најдобар во светот на неговата позиција, го кажав ова на мојата презентација, а го кажав истото и кога разговарав со него. Му го објаснив проектот и му соопштив дека тој е клучна фигура. Но бројките и висината на платата не се моја надлежност“.