24фудбал

Рангник направи шоу кога го прашаа за фамозната клаузула на Халанд (ВИДЕО)

Ралф Ранинг добро ги насмеа новинарите кога доби прашање за наводната клаузула во неговиот договор и бонусот од 10 милиони фунти доколку успее да го донесе Ерлинг Халанд во Манчестер јунајтед.

Англија

Откако „ѓаволите“ соопштија дека Ралф Рангник ќе го превземе кормилото на привремена основа до крајот на сезоната, медиумите почнаа да шпекулираат за фудбалерите кои Германецот сака да ги донесе на Олд Трафорд.

Се говореше дека Манчестер јунајтед сега има посебен адут во трката за потписот на Ерлинг Халанд, дури се појавија и гласини дека на стратегот му е ветен бонус од 10 милиони фунти доколку успее да го убеди Норвежанецот да направи трансфер.

Па на денешната прес конференција, беше неизбежно прашање на оваа тема а Ралф Рангник направи свое шоу и добри ги насмеа новинарите.

„Почекајте да проверам“ – рече Германецот и почна да ги превртува листовите кои стоеа пред него.

„10 милиони за Ерлинг Халанд, 10 милиони за Килијан Мбапе, 10 милиони за Роберт Левандовски и 10 милиони за Џошуа Кимих“.

„Очигледно ова се глупости. Нема таква клаузула во мојот договор“.