24фудбал

Обамејанг му лајкна пост на Роналдо за победата над Арсенал, фановите збеснаа (ФОТО)

Навивачите на Арсенал се бесни на нивниот капитен кој не само што е во лоша форма туку и му лајкна пост на Кристијано Роналдо за победа над нивниот тим.

Англија

Пјер Емерик Обамејанг полека но сигурно станува омразена личност меѓу навивачите на Арсенал кои сакаат нов напаѓач.

Обамејанг откако го потпиша богатиот договор веќе не е истиот фудбалер. Тој се мачи во играта, но синоќа направи глупост каква што никој не ни можеше да помисли. 

Капитенот на Арсенал, Обамејанг лајкна пост на Роналдо во кој Португалецот ја слави победата над својот тим против топчиите.

Следуваа лавина реакции од фановите на Арсенал кои бараат Обамејанг да си оди од нивниот тим. Брзо потоа напаѓачот го повлече лајкот.