24фудбал

Кавани ќе ја засили Барселона

Се шпекулира дека ветеранот донел одлука во однос на својата иднина, а истата наводно ќе ја реализира по крајот на актуелната сезона.

Шпанија

Напаѓачот на Манчестер јунјатед, Единсон Кавани наводно планира да и се приклучи на Барселона по крајот на актуелната сезона.

34 годишниот Уругваец идното лето треба да е слободен играч на трансфер пазарот, а претходно беше убедуван од Оле Гунар Солшер да потпише едногодишен договор со „Црвените ѓаволи“.

Како и да е, Кавани постигна само еден гол оваа сезона, а се здоби и со одредени потешкотии во однос на повредите, со тоа што запиша само пет настапи.