24фудбал

Лаутаро признава дека Меси посакувал да го види во Барселона

Долго траеше сапуницата околу Лаутаро и Барселона, на крајот Аргентинецот се реши да стави потпис на нов договор со Интер со кој се обврза на верност со тој клуб до 2026 година.

Шпанија

Напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез признава дека поранешната ѕвезда на Барселона, актуелен член на ПСЖ, Лионел Меси посакувал да го види својот сонародник во дресот на Каталонците, меѓутоа додава дека е среќен што останал во Интер.

Точно е, Меси ме сакаше во Барселона, разговаравме во неколку ситуации за време на интернационалната пауза со Аргентина“ рече Лаутаро за „СпортМедијасет“.

Тој постојано ми зборуваше за ситуацијата во која се наоѓаше клубот, но јас секогаш останував смирен на таа тема, постојано бев во комуникација со Интер за да се најде решение за нов договор бидејќи сум среќен во овој клуб“ додаде Аргентинецот.

Среќен сум што останав, моето семејство и јас сме среќни тука“ заклучи Лаутаро.