24фудбал

Ибрахимовиќ му се понудил на ПСЖ за една важна позиција во клубот

Шведскиот ветеран на 46 натпревари во дресот на „Росонерите“ успеа да постигне 31 гол од лани до сега.

Франција

Како што известува „РМЦ“, а напишано и во неговата книга насловена „Адреналин“, поранешниот напаѓач на ПСЖ, Златан Ибрахимовиќ открива дека се понудил да ја извршува позицијата спортски директор на клубот од Париз ланското лето.

Летото 2021, точно е, му се понудив на ПСЖ, но не како фудбалер, туку како спортски директор“ пишува популарниот Ибра.

Му се јавив на Насер ал-Келаифи, претседателот на клубот, а му сугестирав дека во случај да не го продолжам договорот со Милан, во тој случај би можел да се вратам во ПСЖ, Насер се насмеа, но не ми рече не“ додаде Швеѓанецот.

40 годишниот Ибрахимовиќ додава дека бил среќен што на крајот донел одлука да остане во Милан, а посочи и дека немал ништо против актуелниот спортски директор на ПСЖ, Леонардо.