24фудбал

Борец и Николовски ја прекинаа соработката

На велешкиот клуб сезонава му преостанува грчевита битка за опстанок во елитното друштво во македонскиот фудбал.

Македонија

Марјан Герасимовски и Благој Левков ќе бидат привременото решение за клупата на велешки Борец откако клубот ја прекина соработката со довчерашниот тренер Јане Николовски.

Поранешниот репрезентативен голман го презеде кормилото на Борец откако од таа позиција си замина Борче Христов, меѓутоа резултатската криза и натаму остана, а клубот од Велес има шест порази во низа.

Борец со 8 бода се наоѓа на претпоследното, 11 место на табелата во првата македонска фудбалска лига, а заостанува пет бода од Тиквеш на позицијата за плејофот за опстанок, односно десет бода од Работнички кој е вон зоната за испаѓање и плејоф.