24фудбал

Струга, Силекс и Македонија ЃП преку пеналите до полуфиналето од Купот на Македонија

Сите три четвртфинални меча од Купот на Македонија кои се играа денеска се решаваа на пенали, Шкендија и Шкупи доживеаа елиминација.

Македонија

На трите четвртфиналиња имаше само два гола во регуларниот дел од мечевите и тоа во Кратово, Силекс и Брегалница одиграа 1-1.

Силекс со 5-4 на пенали го доби мечот и се пласираше во полуфиналето од Купот на Македонија.

Шкендија на свој терен не успеа да дојде до триумф над Струг Трим Лум. Во регуларниот тек беше 0-0, а гостите на пенали со 4-3 победија и се пласираа меѓу четирите најдобри.

Немаше голови ниту во Ѓорче Петров каде се играше скопскиот дуел меѓу Македонија и Шкупи. На пеналите домаќините победија со 4-1.

Натпреварот меѓу Пелистер и Вардар е одложен поради снег.


Куп на Македонија четвртфинале:


Македонија ЃП – Шкупи 4-1 на пенали (0-0)

Шкендија – Струга Трим Лум 3-4 на пенали (0-0)

Силекс – Брегалница 5-4 на пенали (1-1)

Пелистер – Вардар одложена