24фудбал

Ибрахимовиќ го советувал Мбапе да си замине од ПСЖ и да потпише за Реал Мадрид

Златан Ибрахимовиќ открива дека му дал совет на Килијан Мбапе дека треба да си замине од ПСЖ и да се пресели во тим како Реал Мадрид.

Франција

Иднината на Килијан Мбапе е неизвесна, но како што сега стојат работите тој е поблиску до Реал Мадрид отколку до нов договор со ПСЖ.

Ибрахимовиќ открива дека во некоја прилика го советувал Мбапе да замине од ПСЖ и да се пресели во Реал Мадрид.

„Вистина е, го советував да го напушти клубот“, открива Златан Ибрахимовиќ.

„На Мбапе му треба друга средина како таа во Реал Мадрид. Но тогаш на претседателот на ПСЖ му реков да не го продава“.

Ибрахимовиќ четири сезони беше член на ПСЖ, никогаш не играл во Реал Мадрид, но мал дел од кариерата помина во Барселона.