24фудбал

Меси на приватната забава за „Златната топка“ не поканил само еден соиграч од ПСЖ

Лео Меси во понеделникот ја доби седмата „Златна топка“, Аргентинецот организираше приватна забава во Париз со соиграчите од ПСЖ за да го прослави новиот успех, единствен кој не добил покана бил Мауро Икарди и неговата сопруга Ванда Нара.

Франција

Франс Фудбал во понеделникот ги избираше најдобрите за минатата сезона, „Златната топка“ заврши во рацете на Лео Меси, за Аргентинецот ова беше рекордно седмо признание.

Новиот успех тој го прослави на приватна забава во Париз заедно со соиграчите од ПСЖ, на социјалните мрежи имаше многу фотографии и видеа од фудбалерите на ПСЖ и нивните сопруги.

Според аргентинскиот новинар Анхел Де Брито, единствен кој не добил покана бил Мауро Икарди и неговата сопруга Ванда Нара.

Лео Меси од поодамна не е во добар однос со својот сонародник, кој изминатиов период често е дел од таблоидите поради љубовниот скандал и обидот да ја изневери Ванда Нара со аргентинската актерка Чина Суарез.