24фудбал

Добра и лоша вест за Рома и Мурињо

Рома утре гостува на Болоња, а во сабота го пречекува Интер, Жозе Мурињо денеска доби две различни вести кога е во прашање ситуацијата со ковид-19 во неговиот тим.

Италија

Добрата е дека Брајан Кристанте добил негативен тест за ковид-19 и конечно ќе може да му се стави на располагање на тимот. 

Тој во текот на утрешниот ден треба да отпатува во Болоња каде веќе од денес се неговите соиграчи.

Лошата вест што на последното тестирање Феликс Афена Џан е позитивен на ковид-19, па Мурињо нема да може да смета на играчо кој со два гола донесе победа над Џенова.