24фудбал

Њукасл не успеа да го победи ниту Норич (ВИДЕО)

Во дербито на дното Њукасл и Норич одиграа нерешено 1-1, домаќините речиси цел натпревар одиграа со фудбалер помалку.

Англија

И по 14 одиграни кола Њукасл уште нема победа оваа сезона во Премиерлигата. Денеска на Сент Џејмс Парк пристигна Норич кој исто така се бори за опастанок, но и тие си заминаа непоразни.

Можеби ќе беше поинаку доколку Кларк уште во 9. минута не добиеше директен црвен картон откако направи фаул како последен играч во одбраната.

Њукасл остана со фудбалер помалку но и покрај тоа создаваше шанси и се бореше за победа. Во 61. минута Вилсон од пенал донесе водство на домаќините.

Но, за нивна жал на десетина минути пред крајот Пуки со волеј погоди за конечни 1-1.