24фудбал

Крос: Честитки за Лео, но мојот избор е...

Доделувањето на престижната награда за Меси придонесе за низа полемики помеѓу љубителите на фудбалот каде воглавно се посочи Роберт Левандовски како фудбалер кој требало да ја освои наградата, а Крос имал друг фаворит.

Шпанија

Германскиот интернационалец и член на мадридски Реал, Тони Крос јавно го коментираше финалниот избор за „Златната топка“, престижната награда која по седми пат во својата кариера ја освои Лионел Меси.

И покрај тоа што упати честитки до ѕвездата на ПСЖ, Крос сепак додаде дека неговиот фаворит бил неговиот соиграч Карим Бензема.

Честитки до Лео Меси, мојот избор беше Бензема, зошто? Слушнете тука“ напиша Крос на социјалните мрежи со тоа што побара од навивачите да го ислушаат неговото мислење на подкастот.

Најпрво би сакал да потенцирам дека не сум заинтересиран за индивидуалните награди, како и да е, доколку тие награди веќе постојат, треба да бидат фер, според мене, таков не е случајот во моментов“ рече Германецот на неговиот подкаст.