24фудбал

Разочарувачка вест за фановите на Баерн Минхен и Барселона

Со рестрикциите ќе бидат опфатени и Агзбург и Гројтер Фурт, а на „Баварците“ во октомври им беше дозволен максимален капацитет за 75 илјади фанови на своите натпревари, меѓутоа зголемениот обем на заразата со ковид-19 придонесе за намалување на 25% од капацитетот минатата седмица.

Лига на Шампиони

Новиот наплив на заразени со ковид-19 ги натера германските здравствени власти одново да размислуваат за дополнителни рестрикции, а со тоа фудбалските натпревари во претстојниот период ќе треба да се одиграат без присуство на публика, таков ќе биде случајот со сојузната покраина Баварија, барем засега.

Со ова, станува јасно дека мечот помеѓу Баерн Минхен и Барселона во последното коло од групната фаза во Лигата на шампионите ќе се одигра без присуство на публика, а истиот нема никакво резултатско значење за „Баварците“, но одлучува за иднината на Каталонците во ова натпреварување, а за одлуката јавно проговори тамошниот премиер на Баварија.

Во следниот период натпреварите ќе треба да се играат без присуство на публика, доколку нема општа согласност на државно ниво, тогаш ние одлуката ќе ја донесеме на локално ниво за Баварија, фудбалот е спорт со контакт помеѓу луѓето, ќе мораме да го намалиме контактот“ рече  Маркус Шудер, ставајќи јасно дознаење дека е дециден во одлуката.