24фудбал

Шевченко: Нема емоции, ќе направам сè за да му го отежнам животот на Милан

Андриј Шевченко утре ќе ја предводи Џенова против својот поранешен клуб Милан, Украинецот вели дека кога ќе почне мечот емоциите ќе исчезнат.

Италија

Шевченко ја брка првата победа како тренер на Џенова, а следниот негов противник има посебно место во неговата историја, Милан.

„Секако дека сум возбуден, но се трудам да ги блокирам моите емоции. Јас сум професионалец и им ветувам на фановите на Џенова дека ќе го дадам најдоброто за нив“, вели Шевченко.

„Во моментов ќе направам сè за да му го оттежнам животот на Милан“.

„Јас ќе навивам за Милан како и секогаш, но не на мечот против Џенова“.