24фудбал

Касиљас не се сложува со изборот за Златна топка: Меси е еден од петте најдобри во историјата, но...

Легендарниот голман на Реал Мадрид, Икер Касиљас вели дека веќе не може да верува во изборот на награди за најдобрите во фудбалот.

Шпанија

Победата на Меси беше тесна, а кога е таква секогаш ќе има страни кои сметаат дека неговата седма Златна топка е заслужена, и страни кои ќе сметаат дека друг требало да биде победникот.

Еден од тие вторите е Икер Касиљас, кој вели дека веќе не им верува на фудбалските награди.

„Ми станува сè потешко да верувам во фудбалските награди. За мене Меси е еден од 5. најдобри фудбалери во историјата, но треба да научиме како да ги идвојуваме најдобрите во сезоната. Тоа не е толку тешко, другите го прават!“, вели Касиљас.