24фудбал

Мурињо поради Интер ќе го менува тимот за мечот со Болоња?

Во среда Рома гостува кај Болоња а во сабота го пречекува Интер, Мурињо има дури четворица клучни играчи на еден жолт картон до суспензија.

Италија

Рома нема широк состав на фудбалери, па Мурињо мора да внимава да не загуби уште некој за дербито против Интер иако е свесен дека и Болоња ќе биде тежок противник.

Тој се фокусира на Болоња, но мора да мисли и на мечот со Интер.

Рома досега одигра реми со Наполи, но загуби од Јувентус, Милан и Лацио, па Мурињо чувствува притисок дека треба да добие дерби натпревар.

Џанлука Манчини, Рик Карсдроп, Брајан Кристанте и Тами Абрахам нема да играат против Интер ако добијат жолт картон против Болоња.

Кристанте ионака е неизвесен, тој паузира поради ковид-19, но останатите тројца се стартери периодов.

Манчини би можел да биде заменет со Мараш Кумбула, додека за другите двајца е потешко да се најде соодветна замена.

Особено за Кардорп, но Мурињо покажа дека знае и со друг профил на играч да игра како бек, Ел Шарави на левата бековска позиција на последниот меч, па Португалецот евентуално таква задача овојпат да му даде на Карлес Перез.

Абрахам се очекува да биде стартер но да добие инструкции да биде внимателен, покрај него ќе игра Заниоло.

Проблем за Мурињо е што го загуби и Пелегрини поради повреда, а тој е главниот мотор во тимот.