24фудбал

Манчестер јунајтед праќа скаути во Германија, ќе го „скенираат“ играчот кој Рангник двапати го купи

Според пишувањата на Дејли Мејл, Манчестер јунајтед испраќа скаути во Германија, под лупа ќе биде Амаду Хаидара, фудбалерот од средниот ред е високо ценет од страна на новиот тренер на „ѓаволите“, Ралф Рангник.

Англија

Откако Ралф Рангник беше именуван за привремен тренер на Манчестер јунајтед, медиумите почнаа да шпекулираат за можните засилувања во јануари.

Според пишувањата на Дејли Мејл, „ѓаволите“ ќе испратат скаути во Германија и ќе го скенираат Амаду Хаидара на два натпревари, против Унион Берлин во Бундеслигата и против Манчестер Сити во Лигата на шампиони.

23 годишниот фудбалер од средниот ред е високо ценет од Ралф Рангник, интересно тој веќе два пати го има купено репрезентативецот на Мали, првиот пат кога беше дел од РБ Салцбург, а вториот пат кога беше во РБ Лајпциг.

Се верува дека во неговиот договор има откупна клаузула од околу 40 милиони евра.