24фудбал

Салах: Играњето во Серија А ми помогна да бидам тоа што сум денес

Мохамед Салах вели дека тоа што играл во Рома и Фиорентина му помогнало да стане многу подобар фудбалер од тоа што бил претходно.

Англија

Салах во Ливерпул се промовираше во еден од најдобрите фудбалери во светот. Но таква иднина не му се предвидуваше кога беше во Челси.

Салах од Челси замина на позајмица во Фиорентина, а потоа направи перманентен трансфер во Рома од каде пристигна во Ливерпул.

„Тоа што играв во Серија А ми помогна многу. Имам прекрасни спомени и од Рим и од Фиренца“, вели Салах.

„Кога бев во Челси, требаше да го сменам фудбалот да се пробам во труга земја, чувствував дека треба да го сменам начинот на игра“.

„Па отидов во Италија и играв добро, тој период ми помогна многу да станам ова што сум денес“.

„Сакам да ги поздравам фановите на Рома и Фиорентина. Поминав фантастични моменти таму и секогаш ќе имам љубов кон тие луѓе. Можам само да им бидам благодарен“.

„Имам прекрасни спомени од тие години кои ми помогнаа да се развијам како човек и како играч. Можеби повторно ќе се сретнеме“.