24фудбал

Мистериозна порака на Мбапе

Француската ѕвезда, Килијан Мбапе даде изјава која некои ја протолкуваа како мистериозна погодувајќи дека напаѓачот сака да каже дека треба да замине од ПСЖ за да освои Златна топка.

Франција

Килијан Мбапе беше присутен на гала вечерта во Париз по повод доделувањето на Златната топка која ја доби Лионел Меси.

Откако го помина црвениот тепих, Мбапе застана на мини интервју од новинар на „Л'Екип“.

Новинарот го праша за веројатноста тој да ја освои Златната топка оваа година или во иднина.

„Се разбира дека моја цел е да ја освојам Златната топка, или тоа да го направам повеќе пати, но има процес за да се стигне до тоа“, изјави Мбапе.

Она што некои го извадија како мистериозно е зборот „процес“, некои го протолкуваа дека Мбапе сака да каже дека мора да замине во посилна лига од француската за да ја освои Златната топка. 

Тешко може да се надева на Златна топка ако ги освојува само титулите во Франција, лига која веќе не е ни во топ 5 најдобри според ранкингот.

Веројатно мисли дека „процесот“ до Златната топка е и треансфер во Реал Мадрид кој се очекува да се случи по крајот на сезоната.