24фудбал

Баерн Минхен до Левандовски: Во нашите очи ти си најдобар! (ФОТО)

Баерн Минхен му ја честиташе Златната топка на Лионел Меси, но за германскиот клуб најдобар е Роберт Левандовски.

Германија

Лионел Меси ја освои седмата Златна топка, но во јавноста се разви дебата дали таа е заслужена, дали можеби требаше да му биде дадена на Роберт Левандовски кој исто така имаше исклучителна сезона.

Левандовски извиси и лани кога без дилеми беше најдобар, но Франс фудбал одлучи поради ковид-19 да не доделува Златна топка иако се одиграа натпреварите.

Многумине го сожалуваат Левандовски и му даваат поддршка, а таква стигна и од неговиот клуб, Баерн Минхен.

„Левандовски, ти се уште си најдобриот во нашите очи! Честитки за Лионел Меси за освоената Златна топка“, стои во твитот на Баерн Минхен.