24фудбал

Меси со 613 гласа ја освои Златната топка, 33 повеќе од Левандовски (ФОТО)

Лео Меси вечерва дојде до седмата Златна топка, а најблиску до него беше Роберт Левандовски, брзо по завршувањето на церемонијата познати се и бројките на гласовите.

Франција

Главниот адут на Меси беше трофејот со Аргентина на Копа Америка, Аргентинецот собра најмногу гласови во изборот и ја доби седмата Златна топка во кариерата.

Најблиску до него беше Роберт Левандовски, човекот кој во минатата сезона сигурно заслужи да ја добие Златната топка, но „Франс фудбал“ не ја одржа манифестацијата поради ковид-19. Некои сметаат дека и оваа година беше најдобар. Но Меси собра најмногу гласови.

Аргентинецот доби 613 гласови, 33 повеќе од Левандовски кој имаше 580, трет беше Жоржињо со 460. Останатите се значително послаби од оваа тројка.