24фудбал

Тухел застана во одбрана на Жоржињо со бизарно оправдување

Италијанецот беше „креатор“ на обата гола на дербито, а неговиот тренер застана во негова одбрана по големиот кикс кој донесе водство за „Црвените ѓаволи“.

Англија

Челси и Манчестер јунајтед ги поделија бодовите во дербито на колото во Премиерлигата изминатиов викенд играјќи со резултат 1-1, а за обата гола најзаслужен беше фудбалерот на домажините, Жоржињо.

Најнапред во 50 минута при негова кобра грешка бенефит извлече Санчо кој донесе почетно водство за гостите, но Италијанецот потоа се корегираше откако биеше умешно од белата точка, а за неговиот кикс бизарно оправдување даде шефот на стручниот штаб на Челси, Томас Тухел.

Тој имаше погрешна проценка на ситуацијата, а јас мислам и дека беше многу попречен и од светлата на стадионот, се случува“ рече Тухел кој смета дека светлата од стадионот одиграле клучна улога во грешката на Италијанецот.

Потребна е голема храброст, но и карактер за да не влијае на вас таква грешка за да преземете одговорност на себе да се обидете да погодите пенал по една таква ситуација, среќен сум што го стори тоа“ додаде Германецот.