24фудбал

Први прогнози за повредата на Нејмар

Медиумите од Франција пренесуваат деке Нејмар повеќе нема да играа оваа година, Бразилецот ќе треба да паузира најмалку шест недели по повредата на скочниот зглоб заработена вчера на дуепот против Сент Етјен.

Франција

Нејмар синоќа на носилки со солзи во очите го напушти теренот на гостувањето кај Сент Етјен, во финшот од мечот, Бразилецот згазна еден противнички играч и го превитка скочниот зглоб.

Според Радио Монте Карло, Нејмар повеќе нема да игра оваа година, се очекува да паузира најмалку шест недели.

Во текот на денот ќе бидат извршени детални тестови по кои ќе се добие појасна слика за тоа колку сериозна е повредата.