24фудбал

„Јувентус може да биде испратен во Серија Б и да му биде одземено Скудето“

Марко Донцели од Асоцијацијата за заштита на потрошувачите (CODACONS) вели дека Јувентус може да заврши во втора лига и да остане без последното Скудето поради скандалот со капиталните добивки и „штелување“ на сметките.

Италија

Финансиска полиција во петокот влезе во канцелариите на Јувентус, се „чешла“ документацијата за настапот на трансфер пазарот во последните три години. „Старата дама“ се сомничи дека ги „штелувала“ сметките со нереални зделки и искажувала капитална добивка (спорна е сума од 282 милиони евра).

Марко Донцели од Асоцијацијата за заштита на потрошувачките (CODACONS) вели дека Јувентус може да биде испратен во Серија Б и да му биде одземено едно Скудето поради последниот скандал.

„Доколку Јувентус на нелегален начин се стекнал со предност во одонс на ривалите со помош на овие зделки, тогаш ќе падне во вода регуларноста на првенството, па надлежните органи ќе мора да реагираат и да ги казнат одговорните“ – вели Донцели.

„Покрај индивидуалните одговорности, ќе треба да биде казнет и клубот. За да се заштитат илјадници навивачи, ние ќе побараме преселба во Серија Б и одземање на последното Скудето“.