24фудбал

Тешка повреда на Нејмар, со плачење го напушти теренот (ВИДЕО)

Во финишот од мечот меѓу Сент Етјен и ПСЖ, Нејмар заработи тешка повреда поради која предвреме го заврши натпреварот.

Франција

Течеше 84. минута кога Нејмар згази противнички играч и го превитка зглобот.

Болката беше голема за Бразилецот кој веднаш падна во плач, а со солзи во очите беше и изнесен од теренот.

По деталните прегледи ќе се знае колку е сериозна повредата на Нејмар.