24фудбал

Невидена комедија на финалето од Копа Либертадорес, судијата го допре, а тој падна како покосен да се преправа! (ВИДЕО)

По 120 минути игра Палмеирас со 2-1 го победи Фламенго и го освои Копа Либертадорес, а еден момент во самиот финиш беше посебно интересен.

Јужна Америка

Мечот во регуларниот дел беше 1-1. Па се премина кон продолженија. Дејверсон во игра влезе во продолженијата и во 95. минута даде гол за Палмеирас кој се покажа како победнички.

А во судиското продолжение, во 123. минута се случи вистинска комедија во која токму Дејверсон беше во главната улога.

Судијата го потчукна Дејверсон по грб, а тој веројатно мислеше дека е допрен од противнички играч па се фрли да се преправа како да добил некој силен удар со цел да задржи време. Судијата му кажа дека тој го удрил, по што фудбалерот брзо стана, јасно му беше дека нема на кој да му глуми.