24фудбал

Малерот е скршен, Барса го совлада Виљареал за прва гостинска победа оваа сезона! (ВИДЕО)

Барселона на крајот од ноември се радува на првата победа на гости во Ла Лига, вечерва избраниците на Чави со 1-3 славеа против Виљареал.

Шпанија

Чави ја забележа втората победа во Ла Лига, и тоа многу важна, Барселона го скрши малерот и конечно се радува на гости.

Вечерва на „Серамика“ против незгодниот Виљареал, „каталонците“стигнаа до триумф од 1-3.

Де Јонг го отвори резултатот на стартот од второто полувреме, прв стигна до една одбиена топка и рутински ја затресе празната мрежа за 0-1.

Виљареал стигна до изедначување во 76. минута, Мингеза се двоумеше многу, Чуквуезе тргна одлучно и го матираше Тер Штеген за 1-1.

Барселона сепак успеа да се врати во водство во 88. минута, среќата ги посака гостите, двајца играчи на Виљареал погрешија и му овозможија на Депај да реализира за 1-2.

Во поселдните мигови од мечот, Кутињо изнуди пенал и сам ја реализираше најстрогата казна за конечни 1-3.