24фудбал

Познат е терминот за мечот меѓу Македонија и Италија

Ждрепката не беше како што посакувавме, Македонија треба да направи вистинска сензација за да дојде до Светското првенство, имавме „среќа“ во нашата група да се двата последни европски шампиони.

Македонија

По вчерашната ждрепка за баражите, сега се познати и термините за сите натпревари.

Полуфиналето против Италија ќе го играме на 24. март во вечерен термин од 20:45.

Доколку успееме да ја изненадиме Италија и да се пласираме во финалето од групата, ќе играме во Португалија или Турција на 29. март од 20:45 часот.