24фудбал

Каде што има полски фанови, има и проблеми, навивачи на Легија ја нападнаа англиската полиција (ВИДЕО)

Навивачи на Легија од Варшава за време на гостувањето кај Лестер во меч од Лига Европа, ја нападнаа англиската полиција.

Лига Европа

Инцидентите се речиси неизбежни кога гостуваат полските навивачи, особено во Англија. Така беше и синоќа.

Во еден момент ги нападнаа полицајците кои стоеа во нивна близина со цел да спречат евентуално доближување до домашните фанови.

Навивачите на Легија успеаа да внесат и бакли кои се строго забранети на мечевите на УЕФА.