24фудбал

Дејан Станковиќ се изнервира кога виде дека Митјиланд ја победи Брага, почна да пцуе (ВИДЕО)

Ако Митјиланд не ја победеше Брага, Црвена звезда уште вечерва ќе обезбедеше пласман во нокаут фазата од Лига Европа, но сега ќе имаат тешка задача да го направат тоа во последното коло.

Лига Европа

Црвена звезда е прва, но во следното коло гостува кај Брага која е тежок противник. Ако Митјиланд го совлада Лугороец, српскиот тим ќе мора да остане непоразен во Португалија за да оди во нокаут фазата од Лига Европа.

А никакви математики немаше да има доколку Митјиланд денеска не ја совлада Брага.

Се очекуваше мечот да заврши 2-2 кога во судиското продолжение Митјиланд доби пенал и ја совлада Брага со 3-2.

Станковиќ кога виде дека Митјиланд победи, нервозно опцу и си замина кон соблекувалната.