24фудбал

Наполи оваа сезона ја игра за Марадона, сака да го освои Скудетото во чест на нивната легенда

Калиду Кулибали вели дека би било прекрасно ако Наполи оваа сезона го освои Скудетото и му го посвети на Диего Марадона кој пред точно една година почина.

Италија

По смртта на Диего Марадона, Наполи го преименува стадионот со неговото име, а фудбалерите на неколку пати носеа дресови со неговиот лик.

„Доколку треба да раскажам приказна за сезоната 2021-22, би ја нарекол „Во спомен на Марадона“, би било прекрасно за Наполи оваа сезона да му ја посвети него, а уште подобро е да го освоиме Скудетото за Марадона“, изјава Кулибали.

„Кога ќе помислам дека легенда како Марадона имаше такви убави зборови за мене, тоа ме прави неверојатно среќен. Му подарив дрес и му реков дека го чекам да го запознаам во Наполи“.

„Бев среќен што го видов кога игравме против Реал Мадрид“.