24фудбал

Навивачите фрлија пиво кон него, а тој реагираше „велемајсторски“ (ВИДЕО)

Хрватот за момент се најде во центарот на вниманието, а неговиот потег во моментов е вистински хит на социјалните мрежи.

Лига на Шампиони

Лајпциг синоќа го „размонтира“ Бриж совладувајќи го на негов терен со високи и убедливи 0-5, а Германците уште по првите 45 минути играа имаа водство од 0-4.

Сепак, еден момент од пресметката во Белгија го „украде“ шоуто во голеадата, а главен виновник за тоа беше хрватскиот дефанзивец Јошко Гвардиол, кој откако беше фрлено пиво од гледалиштето, тој „реагираше“ со глава.