24фудбал

Црвена звезда го победи Лудогорец, реми за Динамо Загреб против Генк

Црвена звезда со 1-0 го совлада Лудогорец, Динамо Загреб одигра 1-1 против Генк, и српскиот и хрватскиот тим до последното коло ќе се борат за пласман во нокаут фазата.

Лига Европа

Црвена звезда со прекрасен гол на Иваниќ го победи Лудогорец со 1-0 и освои три бода.

Но во оваа група Митјиланд со 3-2 ја совлада Брага и направи вистинска мешаница во групата.

Црвена звезда е прва со десет бода, но во последното коло ќе треба да остане непоразена против Брага доколку Митјиланд победи на гостувањето кај Лудогорец.

Табела: Црвена звезда 10, Брага 9, Митјиланд 8, Лудогорец 1

Адеми се врати во составот на Динамо Загреб, беше стартер против Генк и одигра 75, минути, Ристовски беше на клупата.

Динамо поведе со гол на Менало во 35. минута, десет минути Генк израмни со гол на Удбо.

Вест Хем со 2-0 победи кај Рапид Виена и го завери првото место во групата.

Ако Генк во последното коло ја победи Рапид Виена, Динамо Загреб ќе мора да остане непоразен на гостувањето кај Вест Хем.

Табела: Вест Хем 13, Динамо Загреб 7, Генк 5, Рапид Виена.