24фудбал

Артета: Би бил среќен доколку би го имал Венгер поблиску до мене, до клубот

Венгер беше тренер на „Топчиите“ цели 22 години, а си замина од таа позиција во 2018 година, во тој период освои три титули во Премиерлигата, како и седум во ФА купот, а запиша и едно финале во Лигата на шампионите.

Англија

Предводникот на Арсенал, Микел Артета не крие дека би посакал да го има поранешниот шеф на стручниот штаб на „Топчиите“, Арсен Венгер да се врати во клубот од Лондон, како и да добива совети од него во блиска иднина.

Се надевам дека би можеле да го доведеме близу клубот, а јас сметам дека тој би имал одлично време тука, сево ова најмногу поради почита и љубовта која сите во клубот ја имаат за сето тоа што тој го стори како личност за овој клуб“ рече Артета.

Не можам да ви кажам каква улога би ја имал, но тоа што можам да го кажам е дека јас навистина би сакал тој да биде поблиску до мене бидејќи мислам дека би бил од огромна помош“ додаде шпанскиот фудбалски стратег.

Венгер би бил од голема помош за клубот, за сите работи потребно е време, а мислам дека тој би можел да го диктира тоа темпо, но од моја гледна точка, можам слободно да кажам дека сите би биле среќни да го имаме поблиску до клубот“ подвлече Артета.