Категорија: Англија 25.11.2021 19:26
Актуелните шпекулации велат дека Ралф Рангник ќе биде новиот тренер на Манчестер јунајтед, за што 63 годишниот Германец наводно се согласил на шест месечен договор со Премиерлигашот, а со опција и за дополнителни две години.
Лук Шо е фудбалерот на Манчестер јунајтед кој веројатно најмногу треба да биде загрижен за својот статус во тимот доколку се остварат најавите, со оглед на коментарот на Рангик лани во септември на прашањето на кои позиции „Црвените ѓаволи“ би требало да го засилат својот тим.
„Сметам дека на денешниот трансфер пазар постојат неколку интересни млади дефанзивци, тие би требало особено внимание да посветат на левата бековска позиција, знам дека го имаат Лук Шо, но не сум сигурен дека тој е на нивото на кое треба да биде за клуб како Манчестер јунајтед“ рече тогаш Рангник.